Намален водостојот на Дојранското и на Преспанското Езеро

За два сантиметра е намален водостојот на Дојранското Езеро, а за еден на Преспанското, додека нивото на Охридското Езеро е исто со вчерашното.

Со тоа, според последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), само водостојот на Охридското Езеро е за еден сантиметар повисок од повеќегодишниот просек за август. Нивоата на другите две природни езера се пониски од просечните и тоа за 1,26 метри кај Дојранското и за 1,84 метри кај Преспанското Езеро.

Водостоите, пак, на реките во земјава најчесто се во рамките на просекот за август. Исклучок се реките Црн Дрим, на мерното место кај Ложани, каде нивото е речиси двојно пониско од просечното и Вардар кај Јегуновце со исто така речиси двојно повисок водостој од просечниот.

Треба да знаете
Последни објави