Пожар во дел за постелнина во атинска болница, веднаш ставен под контрола

Веднаш беше ставен под контрола пожарот што рано утрово изби во делот со постелнина во општата болница Никеа во западниот дел на Атина, без при тоа да има повредени лица, јави дописничката на МИА од Атина. 

Засега, причините за пожарот се непознати, а интервенирале 30 пожарникари со 14 возила и специјално возило со скала.

Според грчките медиуми, конкретниот оддел бил празен, а превентивно биле евакуирани пациентите кои се наоѓаат на истиот кат каде што избувна пожарот. 

Треба да знаете
Последни објави