Прекин во мрежата на Телеком ги узбурка граѓаните

Корисниците на услугите од телекомуникацискиот оператор Телеком, утрово имаа и некои сеуште имаат потешкотии во работата со интернетот и телефонијата – фиксна и мобилна. Неколкучасовен прекини на интернетот и телефонската мрежа низ целата земја ги узбурка граѓаните кои неможеа ниту да стапат во контакт со кол-центарот за да се информираат за што станува збор. „Најдобрата мрежа во Македонија“ падна, а телекокомуникацискиот оператор на Фејсбук дури сега објавија дека се соочува со технички пречки предизвикани од трети страни и во моментов работата на отстранување на истите.

-Во моментов се соочуваме со технички пречки, поради оштетени кабли на различни локации, предизвикани од градежни работи на трети страни. Нашите тимови интензивно работат на терен. Се извинуваме за непријатностите, се наведува во кусото соопштение од Телеком објавено на нивната Фејсбук страница.

Треба да знаете
Последни објави