Сали до Меџити: Поштедете ја јавноста од хистерии, здравството е пример за разочарување

Продолжуваат препукувањата помеѓу министерот за здравство, Фатмир Меџити и поранешниот министер Беким Сали.

Сали му порача на Меџити да ја поштеди јавноста од хистерии бидејќи здравството е пример за разочарување.

„Меџити, се чини дека се соочувате со проблем на кредибилитет и доверба. За кого навистина работите? Чии конци влечете? Крајно време е да ги објасните вашите манипулации зад сцената. Дали е случајно што јавно негирате дека плаќате некого, а сепак зад затворени врати брзате да преговарате со компаниите вклучени во дебаклот на модуларната амбуланти дека на владини седници сте добиле налог од шефовите? Вие на 11 јули се признале дека имате договор со БРАКО плаќања Зар се демантирате себеси ?! Не е добро да се служите со лаги. Подолу ви е документот. Граѓаните заслужуваат одговори. Кога сме кај одговорите, министре Меџити, еве еден предизвик за вас: дали можете со чиста совест да му објасните на јавноста како го оправдувате барањето плаќање за компанија вмешана во обвинувања за неправилности, сомнителна ревизиска документација и судски хаос? Или тоа е премногу за да се бара од министер?“, велли Сали.

Додаде дека постојат обвинувања и од другите опозициски субјекти, кои тврдат дека Меџити се занимава со изнуда и рекет кон веледрогерии.

„Велат дека располагаат со факти. Тоа вие го знаете најдобро. Дали сакате да ја споделите вашата страна од приказната? За само седум месеци, министре Меџити, вашето портфолио е ремек дело во потфрлувања и контроверзии. Успеавте да разочарате на секој фронт – вашите гласачи, вашата партија и вашите ветувања. Речиси е импресивно колку брзо сте паднале во длабочините на разочарувањето. Браво! За Алијансата на Албанците – навистина се надминавте себеси. Ресорот здравство, предводен од славниот Меџити, не е ништо помалку од учебнички пример за разочарување. Вашите поранешни поддржувачи мора да бидат воодушевени од шоуто што го приредувате“, пишува Сали.

Претходно вчера, Министерството за здравство најави отворање постапка против Беким Сали за непостапување со модуларните амбуланти. Од друга страна, Сали смета дека неодамнешните критики околу трагичниот инцидент на модуларната амбуланта во Тетово бараат јасен и одговорен одговор од актуелниот министер за здравство Фатмир Меџити.

Треба да знаете
Последни објави