Откако утринава имаше прекин во услугите за корисниците на мрежата на „Телеком“, кој и сега прави проблеми „падни-стани“, компанијата излезе со соопштение дека поради градежни активноти на трети страни оштетени се кабли, па поради тоа корисниците останаа без нивните услуги. Oштетени биле главните магистрални оптички кабли на повеќе локации во Кумановскиот и Струмичкиот регион преку кои поминува голем дел од мобилниот и фиксен сообраќај.
На соопштението на компанијата објавено ни нивата страница на Фејсбук, многу од корисниците се пожалија на високите сметки, кои компанијата треба да ги намали доколку не испорачала услуги во периодот. Сега компанијата излезе со ново соопштение во кое наведе дека корисниците ќе добијат дополнителни 10 гига интеренет.
„Македонски Телеком ќе ги преземе сите потребни активности за поведување на постапка пред надлежните органи против лицата одговорни за штетниот настан. Бараме од сите изведувачи на градежни работи да работат совесно и внимателно, затоа што предизвикуваат штета на сите граѓани, односно нашите корисници, кои остануваат без неопходните комуникациски услуги. Санирањето на вакви големи штети подразбира повеќечасовно работење на терен, но нашите тимови интензивно работеа и за краток временски период услугите се повторно достапни. И покрај тоа што станува збор за прекин предизвикан од трети страни, како одговорна компанија која се грижи за задоволството на своите корисници, на сите наши приватни и деловни корисници им доделуваме 10 GB мобилен интернет до крајот на месец август 2023 година“, се наведува во соопштението од Телеком.