Антонов: Русија и САД користат ефикасен канал за размена на затвореници

Рускиот амбасадор во САД Анатолиј Антонов изјави дека Москва и Вашингтон користат ефикасен канал за размена на затвореници.

Амбасадорот Антонов го изјави тоа додека го коментираше случајот на двајца Американци, новинарите на Волстрит журнал, Еван Гершкович и Пол Вилан, кои беа затворени во Русија.

-Прашањето за размена на затвореници го решаваат овластени тела за кои претседателите се договорија во 2021 година, објави Антонов на неговиот официјален канал на Телеграм.

Тој додаде дека „специјалниот канал се покажа како ефикасен“ мислејќи на размената на затвореници на рускиот дилер на оружје Виктор Бут и рускиот пилот Константин Јарошенко во замена за американската кошаркарска ѕвезда Бритни Гринер и поранешниот американски маринец Тревор Рид минатата година.

Треба да знаете
Последни објави