Во јуни еврозоната забележа трговски суфицит од 23 милијарди евра

Еврозоната забележа трговски суфицит од 23 милијарди евра во јуни, објави денеска Евростат.

Според првата прелиминарна проценка, еврозоната во јуни извезла стоки за 252,3 милијарди евра, 0,3 отсто повеќе во споредба со минатиот јуни, а увезла стоки за 229,3 милијарди евра што е за 17,7 отсто помалку отколку во јуни минатата година.

Во истиот период ЕУ забележа суфицит од 24,6 милијарди евра. 

Треба да знаете
Последни објави