Градскиот стадион во Тетово се користи само за фудбалски натпревари во Првата лига

 Општина Тетово испрати реакција по вчерашното соопштение на ФК Тетекс во кое клубот посочи дека не им е дозволено користење на двата фудбалски стадиони и немањето резултати од повеќемесечни безуспешни обиди за договор со општината. Општина Тетово смета дека досега имале коректен однос со клубовите и нивната медиумска реакција била непотребна. За користење на стадионот имаат услов-кога клубовите ќе бидат во Прва лига.

-Општина Тетово отсекогаш постапувала транспарентно и одговорно кога бил во прашање соживотот меѓу заедниците. Во оваа насока, реакцијата на двата фудбалски клуба во однос на користењето на спортските терени во нашиот град е јасно кршење на оваа традиција на транспарентност и одговорност. Нивната последна реакција беше сосема непотребна и неодржлива. Средба со претставници на клубовите имаше и се постигна јасен консензус. Градскиот стадион да се користи само за фудбалски натпревари во Првата лига на Северна Македонија и меѓународни фудбалски натпревари, но и за натпревари од особено значење, како на пример полуфинале и финале во Купот на Македонија. Од овој аспект, општина Тетово покажува решеност да гарантира дека овој стадион треба да биде опремен со сите потребни услови и стандарди, како еден модерен и функционален објект кој ќе ги исполни сите барања на спортска арена од високото ниво во нашиот град, се вели во соопштението на Општина Тетово.

Од општината велат дека за сите клубови што не се во Прва лига дека ќе се уредат други терени.

-За екипите кои настапуваат во пониските лиги, општината има јасен став: ќе се уредат и други терени опремени со сите потребни услови за спортски натпревари. Така, еден терен ќе се гради кај Спортскиот центар во градот, а друг во село Сараќино. Двата терени ќе бидат опремени со потребната инфраструктура, вклучително и соблекувална за тимовите и канцеларии за клубовите. Со овие чекори, Општина Тетово ја потврдува својата посветеност за унапредување на спортот на високо ниво, транспарентност и правда за сите заедници кои живеат во нашиот град, се вели во соопштението на Општина Тетово. 

Треба да знаете
Последни објави