Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 8.
Според прогнозата на УХМР, во Скопје ќе биде претежно сончево со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне 36 степени.
Под влијание на топла воздушна маса во следните денови времето ќе биде претежно стабилно со пораст на дневната температура, која од четврток до недела во најголем дел од земјава ќе надминува 35 степени.