Фудбалерот на бундеслигашот Баерн Минхен, Бенџамин Павар е подготвен да премине во италијанскиот калчолиогаш Интер. Според новинарот Флоријан Плетенберг, „Нероаѕурите“ постигнале вербален договор со дефанзивецот.
Во италијанските медиуми излезе информација дека Интер понудил 25 милиони евра, а Баерн бара нешто повеќе од 30 милиони.
Павар кариерата ја почна во Лил, потоа играше во Штутгарт, а од 2019 година е член на Баерн Минхен. Од 2017 година е француски репрезентативец.
Самиот фудбалер повеќе пати изјавуваше дека не е среќен во Баерн и дека има желба да ја промени клупската средина.