Уставни измени не се прават врз основа на натурање и диктат. Уставни измени под диктат нема да има, но предвремени парламентарни избори мора да има, порача денеска координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.
-После цела година сеење магла од страна на власта излезе на виделина дека во Собранието нема двотретинско мнозинство за уставни измени. Во Собранието нема 80 пратеници, а надвор од Собранието над 80 проценти од народот се противи на уставни измени под бугарски диктат, рече Мицевски на денешната прес-конференција во Собранието.
Нагласи дека уставни измени не се прават врз основа на натурање и диктат од надвор. Тоа според него, е газење на достоинството и интегритетот на државата и погазување на суверенитетот. Посочи дека власта е развластена не само поради тоа што не пројдоа уставните измени, туку, како што рече, и поради тоа што ја упропастија државата
-Оваа власт е проблемот, а решението за тоа се избори. Уставни измени под диктат нема да има, но предвремени парламентарни избори мора да има бидејќи власта е делегитимирана, потенцира Мицевски