Американец со руско потекло е обвинет во Москва за шпионажа

Американски државјанин со руско потекло е приведен од руски суд во случај за шпионажа, за кој се познати малку детали, јавија синоќа руските медиуми.Американскиот Џин (Евгениј) Спектер бил обвинет за шпионажа, се изјаснил за виновен и се согласил да соработува со истрагата. Нему му се заканува затворска казна до 20 години.

Руските државни медиуми јавија дека  случајот е класифициран и не се познати детали.

Во септември 2022 година, Џин Спектор веќе беше осуден на три и пол години затвор за „корупција“. Тој е обвинет за поткуп на поранешен помошник на поранешниот руски вицепремиер Аркадиј Дворкович, кој исто така беше осуден.

Првостепената пресуда за тој случај за корупција беше укината во 2021 година по жалба, а во јули 2022 година предметот беше вратен на ново судење. Спектор е роден и израснат во Русија пред да се отсели во САД, каде што добил државјанство. Тој е претседател на одборот на директори на групацијата на руски компании Медполимерпром.

Портпаролот на Белата куќа Џон Кирби изјави за Си-Ен-Ен дека администрацијата се уште собира информации за случајот и нема дополнителни коментари. 

Треба да знаете
Последни објави