Во судир на два трамваи во центарот на Лисабон полесно се повредени 13 лица, меѓу кои неколку туристи и три деца, соопштија итните служби, јавуваат локалните медиуми.
Меѓу повредените патници има двајца Французи, двајца Чеси, Американец, Италијанец и Шпанец, изјавил за агенцијата „Луса“ извор од противпожарната бригада во Лисабон.
Осум патници со повреди се пренесени во болница, соопшти Брзата помош, објави францускиот весник „Фигаро“.