Во бугарскиот Министерски совет (Влада) ќе има средба со претставници на Министерството за внатрешни работи и службите, свикана од премиерот Николај Денков, јави БТА. Средбата која ќе започне во 15 часот по локално време и е во врска со зголемениот број тешки кривични дела во државата, соопшти владината служба за информирање.
Копретседателот на пратеничката група на „Продолжуваме на промените – Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ) Атанас Атанасов на Фејсбук напиша дека е императив итно да се свика состанок на Советот за безбедност на Советот на министри, на кој конкретни мерки и задачи за ограничување на ризиците и контрамерки против тековните закани за националната безбедност.
Владината прес-служба во соопштение до медиумите објасни дека состанокот што го свика премиерот Николај Денков има поинаков формат од Советот за безбедност, а Советот денеска не треба да се состане.