Поради закана од бомба, пред околу половина час биле евакуирани и двете згради на Радио-телевизија Војводина (РТВ), пренесува „Бета“.
Истата дојава се случи и пред две вечери, кога преку електронска пошта беше испратена закана за бомба до јавниот сервис во Војводина.
Како што тогаш беше соопштено од таа куќа, специјална единица на српската полиција детално извршила увид во зградите на РТВ и утврдила дека нема опасност, а вработените се вратиле на работните места.
РТВ и претходно беше мета на лажни извештаи за поставена бомба, а една од нив беше снимена на 10 август.