На улиците е мирно, бидејќи граѓаните очекуваат одлука за европската иднина

Уставните измени се повеќе од државничка одлука, денеска ќе се види кој е за европска, а кој за излоирана држава – порача од собраниската говорница премиерот Димитар Ковачевски во експозето пред пратениците, со кое беше отворен процеост за Уставни измени. Според Ковачевски секој кој сака правна држва, еднаквост пред правдата, борба со криминалот и корупцијата, подобар стандард, ќе даде поддршка за Уставните измени.

-Исправени сме пред финална одлука и дали ќе се бориме со оние кои земјата сакаат да ја држат во стаус кво без развој и напредок. Предверемни избори нема да има, порача меѓу другото премиерот.

Од говорницата апелираше до пратенците да дадат поддршка за Уставните изменим и посочи дека ЕУ со стотици милиони евра е најголемиот донатор во Македонија, а како пример направи споредба дека земјите членки на ЕУ добиваат 11 пати повеќе пари по глава на жител од земјите кандидати.

-Младите не се иселуваат заради Уставот. Тие не легнуваат и не стануваат со мисла за Уставот, туку со желба да порасне стандардот и да се живее поубаво и побогато во Македонија, за да не одат во странство, додаде Ковачевски.

И затоа денес кога ќе ги погледнете улиците во Скопје и другите градови, ќе видите дека се е мирно, бидејќи граѓаните очекуваат одлука за европската иднина. Говорот го заврши со зборовите – да живее европска Македонија, за што доби стоечки овации од владејачкото мнозинство.

Треба да знаете
Последни објави