Русија развива илјадници беспилотни летала дизајнирани од Иран во голема тајна воена база, според објавените документи на „Вашингтон пост“.
Инженерите во објектот Алабуга во Татарстан, на околу 800 километри источно од Москва, се обидуваат да произведат околу 6.000 надградени дронови до 2025 година, објави „Вашингтон пост“.
Иако производството е задоцнето, експертите веруваат дека тоа би можело да значи дека стотици беспилотни летала „Шахед“ ќе таргетираат украински територии, наместо десетиците што моментално се користат во нападите.
Документите покажуваат дека на вработените, од кои на некои им се одземени пасошите за да се спречат да ја напуштат државата, користат кодни имиња за проектот. Оттука, беспилотните летала се „чамци“, експлозивите се „браници“, а Иран е „Ирска“ или „Белорусија“.
Оваа програма беше строго чувана државна тајна и покрај тоа што се одвиваше на огромна област со големина од 14 фудбалски игралишта.
Сè започна оваа година, со тим кој ги обнови демонтираните дронови од Иран. Моментално се во втората фаза: самите ги произведуваат каросеријата на возилата, ги опремуваат со иранска електроника. Инженерите ги надградија увезените дронови и ги направија водоотпорни, заменувајќи ги послабите делови.
Сепак, програмата со кодно име „Проект Брод“ беше одложена од руското Министерство за одбрана, а до февруари задоцни повеќе од пет недели.
И покрај тоа, Дејвид Олбрајт, поранешен инспектор за оружје на ОН, верува дека Русија би можела да премине на поредовни напади со стотици од нив до следната година.