Фудбалската федерација на Македонија соопшти дека направена е рокада во стручниоот штаб на репрезентацијата предводен од слекторот Благоја Милевски,, каде за тренер на голманите е ангажиран Саша Илиќ. Поранешниот голман на Вардар и на повеќе клубови од Европа и од Азија, ќе ја заземе функцијата која до скоро ја имаше Томе Пачовски. По богатата играчка кариера, тој продолжи да работи во фудбалот како тренер, па ја доби довербата од Милевски за првпат да добие и репрезентативна задача.
-Благодарност за укажаната доверба. Имам мотив и доволно искуство преку работа во репрезентацијата да придонесам за напредок на тимот. Целосно ги разбирам предизвиците со кои се соочуваме во овие чувствителни моменти и подготвен сум да помогнам. Ги познавам голманите во тимот, имаме квалитет, а наша заедничка цел е да бидат подобри и постојани во настапите“, изјавува Илиќ, кој до лани беше дел од стручниот штаб на Вардар, а последен клупски ангажман имаше во кинески Шенжен.
Втора промена е заминувањето на Никола Глигоров од тимот на Милевски. Глигоров дојде пред шест месеци и имаше улога на асистент задолжен за видео анализа на натпреварите.
-Улогата на асистент во стручниот штаб ја извршував со многу гордост, амбиција и оптимизам. Впрочем, како што тоа го правев и во годините кога настапував и како фудбалер. Му благодарам на селекторот Милевски за довербата. На сите во тимот им посакувам многу среќа и успех. Од мене секогаш ќе имаат максимална поддршка за да ги постигнат резултатите кои сите ги посакуваме“, истакна Глигоров.
Македонија евро-квалификавиите за ЕП-2024 ги продолжува на 9 септември против Италија во Скопје и три дена подоцна со гостување кај Малта.