Шефот за итни случаи во Мауи поднесе оставка по критиките за предупредување од шумскиот пожар

Директорот на Агенцијата за вонредни состојби во Мауи, Херман Андаја денеска поднесе оставка, еден ден откако изјави дека не жали што не користел сирени за да ги предупреди жителите за шумскиот пожар во кој загинаа најмалку 111 луѓе.

Одлуката на Агенцијата, заедно со недостигот на вода што ги спречи пожарникарите да го изгаснат пожарот и блокирањето на рутата за евакуација, предизвика остри критики кај жителите на островот, јавија американските медиуми.

-Градоначалникот Ричард Бисен ја прифати оставката на Андаја која стапува на сила веднаш, објави округот Мауи на Фејсбук. 

Треба да знаете
Последни објави