Пратениците во Собранието треба да направат државнички избор за граѓаните, да одлучат за резултати кои ќе бидат трајни, кои ќе донесат бенефиции за сегашните и идните генерации. Резултати кои ќе донесат позитивни придобивки за нашата економија и за благосостојбата на нашите граѓани напиша Битиќи.
ЕУ им овозможува на новите членки подобар живот на граѓаните. Од ЕУ ќе имаме само бенефиции, нема ништо да изгубиме, затоа што секоја земја-членка добива за 11 пати поголеми финансиски средства по жител од фондовите отколку земја-кандидат. Искуството покажува, дека за период од само 5 години новите земји членки регистрираат масивен пораст на платите за над 50%, во одредени нови членки и до 100%.
Интегрирањето на македонскиот пазар во единствениот европски пазар ќе значи за домашните компании пристап до 500 милиони потрошувачи, олеснето движење на стоки, услуги и инвестиции, зголемен обем на трговија и поконкурентна економија, што ќе стимулира одржлив економскиот раст и отворањето на нови и добро платени работни места.
Стабилноста и можностите кои ќе се отворат пред домашното стопанство ќе значи и нови странски директни инвестиции кои ќе носат капитал, технологија и експертиза, што дополнително ќе ги зајакне иновативните основи на долгорочниот економски развој на државата.
Покрај тоа, да се биде дел од заедничките трговски политики и договори на ЕУ значи да се подобри глобалната трговска позиција на земјата-членка.
Усвојувањето на заедничките регулативи и стандарди, исто така, ја промовира ефикасноста и ги намалува бариерите за трговијата, поттикнувајќи ја економската стабилност и развој.
Гласот ЗА уставните измени е и одлука да се овозможи пристап до нови финансиски извори за кои ќе бидат ставени во функција на нови инфраструктурни проекти, регионален развој и социјални програми, подобрување на јавните услуги и транспортните мрежи.
Ова се само мал дел од резултатите со кои државата и граѓаните ќе бидат победници, а за кои пратениците во Собранието треба да одлучат дали сакаат да продолжиме со промените во државата кои нив ќе ги испорачаат.