Премиерот Ковачевски ќе се обрати на Денот на Армијата на Република Северна Македонија

По повод одбележување на  Денот на Армијата на Република Северна Македонија, на 18 август 2023 година (петок), со почеток во 9:30 часот, на воениот стадион во Градскиот парк во Скопје, свое обраќање ќе има претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски.

Во рамки на свеченоста со воена церемонија, од страна на Претседателот на Република Северна Македонија и Врховен командант на Армијата Стево Пендаровски ќе се доделат медали.

По повод Денот на Армијата обраќање ќе имаат и Претседателот на Република Северна Македонија и Врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски и Министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

Во склоп на прославата со воена церемонија ќе бидат соопштени Укази за произведување во генералски чин, а од страна на министерката ќе се доделат и полковнички чинови на унапредени старешини во чин полковник.

Треба да знаете
Последни објави