Фудбалерот на Баерн, Хари Кејн верува дека може да ја освои Златната топка откако направи трансфер во баварскиот клуб.
– Многу луѓе зборуваат за трофеите и зошто дојдов овде. Но, на крајот на денот, го направив тоа за да се подобрам и да добијам нов предизвик благодарение на потребата да освојувам титули секоја година и да одам далеку во Лигата на шампионите. Ако освоиме трофеи, ја освоиме Лигата на шампионите, ако го освоиме Европското првенство следната година, а јас постигнам многу, тогаш ќе ја добијам Златната топка, изјави Кејн за „Football Daily“.
Кејн во летниот преоден рок од Тотенхем се пресели во Баерн. Тој дебитираше за Баерн Минхен, влегувајќи како резерва на натпреварот против Лајпциг (0:3) во Суперкупот на Германија.