Пакета го загуби местото во репрезентацијата и трансферот во Сити поради обложување

Ѕвездата на Вест хем, Лукас Пакета беше пред фантастичен трансфер во Манчестер сити, но во бизарен след на околностите не само што остана без ваква преселба, туку го загуби местото во бразилската репрезентација и се соочува пред долга суспензија од фудбалот. Причината е едноставна – обложувалниците!

Според „Скај спортс“, ФИФА го истражува Пакета за намерно добивање на жолти картони на своите мечеви, додека тој и неговите пријатели правеле големи облози во Бразил.

Преодниот бразилски селектор Фернандо Диниз потврди дека 25-годишниот Пакета нема да биде дел од тимот за мечевите против Перу и Боливија во септември.

„Тој беше на листата бидејќи е играч кој многу ми се допаѓа. Но, сега е време да ја реши својата ситуација. Ќе му дадеме време“, изјави Диниз.

Треба да знаете
Последни објави