Шампионот на Италија со победа ја почна првата сезона како бранител на фудбалскиот трон во 21. век. Наполи не помина лесно, но успеа да слави на гостувањето кај Фросиноне, со 3-1, а Елиф Елмас беше дел од триумфот во последните 15-тина минути.
Мечот почна со гол на домаќините уште во седмата минута, преку Мароканецот Харуи од пенал, но небесно сините ја надоместоа негативата, па дури и создадоа своја предност до крајот на полувремето. Политано изедначи во 24. минута, а Осимен стрелаше за 2-1 во 42-та.
Во 77. минута, Елиф Елмас влезе во игра на местото на Политано и само две минути подоцна Наполи поведе со 3-1, резултат кој остана конечен.