Претрес во битолско, пронајдени оружје и муниција

На 18.08.2023 во 14.30 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода П.К.(39) од Битола. При претрес во неговиот дом во с.Олевени, битолско, биле пронајдени и одземени една ловечка пушка „ЦЗ”, една воздушна пушка, 65 ловечки патрони, куршуми различен калибар, рамка за пиштол и други предмети.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава.

Треба да знаете
Последни објави