Тотенхем ја оствари првата победа во новата сезона од Премиер – лигата совладувајќи го Манчестер Јунајтед со 2-0. Тимот на Ерик тен Хаг беше надигран на овој натпревар.
Во 49.минута, Папе Сар го отвори резултатот во корист на Тотенхем, а вториот гол за домаќинот беше всушност автогол на Лисандро Мартинез.
Ентони го погоди дирекот од голот на Тотенхем, па „црвените ѓаволи“ го доживеаја првиот пораз во сезоната.