Иако е едно од најпопуларните и најпочитуваните вискија во светот, Џек Даниелс е бренд и дестилерија што век и половина успева да ги изненади луѓето со тоа што создава и споделува интересни и занимливи приказни .
Кога одреден бренд не само што постои, туку е и врежан во животот и во имагинацијата на луѓето цели 150 години, би се очекувало дека нема простор за изненадување или за откривање новини. Од друга страна, следејќи го имиџот и духот на човекот што ја основал, дестилеријата Џек Даниелс внесува возбуда во светот век и половина со тоа што создава и споделува интересни и занимливи приказни. Овие што се наведени подолу се само дел од нив.
Основачот е само 16 години постар од дестилеријата
И покрај тоа што Џек Даниел не е измислен, туку е реален човек што вистински постоел и напорно работел да го оствари својот сон, тој бил и сѐ уште е мит и легенда. Вообичаено, кога се отвора приказна, тоа се прави на самиот почеток, но Даниел никому не ја кажувал сопствената возраст, а на неговата надгробна плоча стои дека е роден во 1850 година. Многумина се уверени дека Џек се впуштил во бизнисот со виски на 16-годишна возраст поради што го добил прекарот „момчето дестилер“. Кога ја регистрирал, дестилеријата Џек Даниелс станала најстарата официјално впишана дестилерија во САД која што е внесена и во регистарот на историски американски локации.
Најпродавано виски од место каде што алкохолот е забранет
Можеби звучи изненадувачки, но е целосна вистина: секоја капка на Џек Даниелс бр. 7 е направена, омекната и созреана во место каде што нема продавници за алкохол или барови. Во градот Линчбург, каде што е сместена дестилеријата, како и округот Мур, во државата Тенеси, алкохолот е забранет уште од 1909 година, кога била воведена локалната прохибиција. Неодамнешните промени во законот ѝ овозможуваат на дестилеријата да продава сувенирски шишиња и тестери со виски за време на специјална тура низ локацијата.
Член на семејството Даниел сѐ уште го тестира вискито
Традицијата на фамилијата на основачот на најстарата американска дестилерија за виски сѐ уште се почитува и се пренесува од генерација на генерација. Една од правнуките на Џек Даниел, г-ѓа Лин Толи е мајстор за тестирање. Таа, исто така, е и во одборот којшто одбира и одлучува кои буриња ќе се користат за брендот Jack Daniel’s Single Barrel Tennessee Whiskey.
Омекнувањето го прави Џек Даниелс различен од бурбон
Процесот којшто во дестилеријата е познат како „дополнителниот благослов“, подразбира филтрирање или „омекнување“ на вискито Џек Даниелс. Тоа се одвива кога капките, една по една, минуваат низ три метра јаглен од јавор, којшто е целосно направен во самата дестилерија. Џек Даниелс ги исполнува сите прецизни стандарди за произведување бурбон, но минува низ чекорот на омекнување на вискито, којшто е долг и одзема многу време. Токму ова дополнително внимание го прави Џек Даниелс глатко Тенеси виски, а не бурбон.
Бурињата се многу битни и дестилеријата сама ги прави
Џек Даниелс е единствената голема дестилерија која што самостојно ги изработува своите буриња за созревање на вискито. Направени од цврст американски бел даб, тие се исушени и делумно изгорени, што природно придонесува во формирањето на бојата на вискито и е одговорно за повеќе од половина од неговиот вкус. Бурето не е само резервоар или амбалажа, тоа е значајна состојка во процесот на произведување квалитетно виски.