Пожари беснеат во Албанија, уапсени 4 лица

Албанската полиција соопшти дека во изминатите 24 часа уапсила четири лица за предизвикување пожари додека војници и пожарникари се распоредени во крајбрежни туристички области за гаснење шумски пожари.

Многу земјоделци во Албанија запалија култивирани полиња за да ги исчистат стрништата, плевелот и отпадот пред да засадат нов род.

Во јули, Албанија идентификуваше и обвини 14 лица за подметнување пожар.

Двајца земјоделци во Елбасан се уапсени поради предизвикување пожар во близина на туристичкото село Кепаро, каде горат десетици хектари земја, а се загрозени куќи и насади со маслинки.

Албанското Министерство за одбрана соопшти дека во првите две недели од август биле пријавени 95 пожари.

Според истиот извор пожар со големи размери има во близина на туристичкото место Химара, каде се испратени и припадници на полицијата а во гаснењето е вклучен и хеликоптер.

Треба да знаете
Последни објави