Посебни мерки во Атина пред реваншот АЕК-Динамо Загреб

По сите немили случки и по првиот меч во Загреб, вечерва во Атина, АЕК го пречекува Динамо во реванш-мечот од третото коло во квалификациите за Лигата на шампиони во „вонредна“ ситуација поради случките од пред две недели.

На 7 август, иако им беше забрането да присуствуват на мечот, навивачите на Динамо, „Бед блу бојс“ пристигнаа во Атина, каде што направија хаос, а во тепачките беше прободен и животот го загуби Михалис Кацурис, навивач на домашниот тим. Грчките власти ги зголемија контролите на граничните премини за да спречат уфрлување на навивачи, а околу стадионот на АЕК има огромен број на полиција.

Од АЕК објавија дека тие кои немаат билети нема да бидат пуштени ниту околу стадионот, исто како навивачи кои со себе имаат ранци. АЕК има 2:1 предност од првиот меч на „Максимир“, а победникот од двомечот ќе игра со Антверпен за место во групната фаза на ЛШ.

Треба да знаете
Последни објави