ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и СДС со месеци лажат дека ВМРО-ДПМНЕ прифатило уставни измени, вчера вистината излезе на виделина власта едвај има 70 пратеника

Димитар Ковачевски и цело СДС со месеци лаже дека се можни уставни измени и дека ВМРО-ДПМНЕ прифатило промена на Устав.

Ковачевски тврдеше дека претседателот Христијан Мицкоски се согласил на уставни измени.

Цело СДС синхронизирано и како расипана грамофонска плоча повторуваа уставни измени.

Вчера целата македонска јавност виде дека Ковачевски и СДС не само што немаат мнозинство од 80 пратеника, туку едвај имаат 70.

Вистината излезе на виделина. СДС губи пратеници. Сите лаги на власта се распрснаа.

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ кој го кажа претседателот Мицкоски уште на 16.07.2022 година е ист. Промена на Устав нема да помине.

Треба да знаете
Последни објави