Завршени се заедничките поморски маневри на Русија и Кина во Пацификот

Морнариците на Русија и Кина ги завршија заедничките поморски маневри во Пацификот, јавија руските медиуми.

Маневрите, што траеја повеќе од три недели, опфатија повеќе од 50 вежби за обука и симулирани борбени услови, се вели во соопштението на руската Пацифичка флота.

По маневрите, руските бродови пловеа низ водите на Источното Кинеско Море на пат кон кинеското пристаниште Кингдао, се наведува во соопштението  на руската Пацифичка флота. 

Треба да знаете
Последни објави