Задоволни македонски граѓани – Твитерџиите со пофалби за Отворен Балкан

Опцијата М Таг за безготовинско плаќање на патарините, од неодамна започна да функционира и во соседна Србија, односно сега и македонските патници кои патуваат низ Србија, но и српските низ Македонија можат да ја користат оваа услуга.

Реализацијата на овој проект резултат од инцијативата Отворен Балкан, наиде на позитивен пример кај македонските граѓани.

Пример за тоа е и статусот на еден корисник на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) кој го сподели задоволството од начинот на функционирање на М Таг во Србија.

„Еден совет за оние кои почесто патуваат кон Србија. Обавезно имајте МТаг. Пред Белград за неполна минута поминав минимум 300 возила, пред Суботица минимум 100. Вреди за сите 1200 денари. Да живее Опен Балкан. Македонија вечна“ се вели во објавата.

Инаку за користење на опцијата за плаќање преку М Таг, потребна е регистрација на порталот Опен Балкан (https://openbalkan-etc.com/)

Треба да знаете
Последни објави