Свештеници и персонал на архиепископијата во Келн се обиделе да гледаат порнографска содржина на Интернет користејќи деловни компјутери, потврди надбискупот.
Германските медиуми објавија дека за време на месечното тестирање за ИТ безбедност на надбискупијата, биле откриени 1.000 обиди за пристап до забранети веб-страници.
Најмалку еден висок член на свештенството бил меѓу 15-те луѓе кои се обиделе да пристапат до забранетата содржина, објави весникот Kölner Stadt-Anzeiger.
Архиепископот Рајнер Марија Велки рече дека побарал истрага.
Гледањето порнографија на компјутерите на надбискупијата е строго забрането, како и пристапот до содржини за дрога и насилство.
Повеќето од сомнителните активности се поврзани со порнографски страници, објави весникот Kölner Stadt-Anzeiger.
Во изјавата дадена од надбискупијата за Би-Би-Си, кардиналот Велки рече дека е „разочаран… што вработените се обиделе да пристапат до порнографски страници“.
Покрената е истрага за одговорните затоа што „битно ми е сега да не бидат сите осомничени“, додаде тој.
Набискупијата соопшти дека информациите објавени од германскиот печат се собрани при проверка дали ИТ безбедносниот систем може да го блокира пристапот до сајтови кои „претставуваат ризик“ бидејќи имаат содржини со насилство, порнографија, дрога.
Се додава дека не била откриена „проверка на содржината на интернет адресите“, но и дека нема „индиции за криминално однесување“.
Целта на тестирањето, кое беше спроведено помеѓу мај и јуни минатата година, не беше да се испита однесувањето на персоналот или свештенството, се додава во соопштението.
Гвидо Асман, генерален викар на Келн, рече дека неговата организација е „многу свесна“ за проблемот, но и дека е „задоволен затоа што безбедносниот систем бил ефикасен“.
Во меѓувреме, веб-страницата на Католичката црква во Германија, Katholisch.de, објави дека јавниот обвинител одвоено истражувал човек, кој не е свештеник, и кој е идентификуван како едно од 15-те лица, под сомнение дека поседува „незаконски материјал“.
Надбискупијата соопшти за Би-Би-Си дека целосно соработува со властите и дека лицето под истрага „веќе не е активно“ во организацијата.
Извештаите доаѓаат по серијата скандали што ја зафатија најголемата германска надбискупија, која има повеќе од два милиони членови.
Во истрагата од 2021 година, повеќе од 200 злоставувачи и повеќе од 300 жртви, главно помлади од 14 години, беа откриени во периодот помеѓу 1975 и 2018 година на територијата на архиепископијата во Келн.