Маричиќ: ВМРО едно им вели на сојузниците, друго зборува на телефон, трето прави – така се држи државата заробена

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во интервју за рацин.мк вели дека „сме ги виделе ВМРО-ДПМНЕ во минатото на кој начин преговараат за иднината на земјата“.

-На сојузниците им велат едно, на телефони зборуваат друго, во пракса прават трето. Така не се води држава напред, така се држи државата заробена цела деценија. Јас сум припадник на друга генерација и друга школа политичари и тоа не смеам да си го дозволам ниту пред државата, ниту пред демократското мнозинство, ниту пред целиот народ, ниту пред себе, смета Маричиќ.

Тој додаде дека на ВМРО-ДПМНЕ многупати досега им е кажано од страна на високи претставници од државите членки на ЕУ, дипломатите во земјава, европратениците дека преговарачката рамка не може да се репреговара и дека не е можен нов Договор.

-Репреговарање на рамката која што е веќе договорена и усвоена лани, на првата Меѓувладина конференција не може да има и не можеме да ја менуваме. Дури и да замислиме дека тоа е можно нема да биде подобра од оваа, бидејќи не се исти ниту атмосферата, ниту околностите сега, а и барањата на Бугарија сигурно нема да бидат истите. Треба да бидеме искрени и реални дека немаме друга можност освен оваа, која ни овозможува преземените обврски да ги реализираме на реципрочна основа, со меѓусебно разбирање, толеранција и разумни компромиси, кои не задираат во нашата историја и идентитетски обележја, кажа Маричиќ.

Треба да знаете
Последни објави