По долги преговори и по одбивањето да игра за Фулам, Александар Митровиќ е пред реализирање на својата желба и трансфер во саудискиот Ал-Хилал, јавуваат повеќе англиски медиуми.
Фулам го иззеде Митровиќ од составот за денешниот меч против Брентфорд, и иако официјално се тврди дека се работи за повреда, се верува дека англискиот клуб дал зелено светло за трансфер кој ќе им донесе над 50 милиони фунти.
Митровиќ, еден од најдобрите играчи на Фулам последните неколку сезони, ќе потпише тригодишен договор со Ал-Хилал со годишна плата од над 20 милиони евра.