Голем број луѓе се повредени во инцидентите меѓу израелските војници и Палестинците во Наблус, кој се наоѓа на северниот окупиран Западен брег. Израелските сили, заедно со воен булдожер, извршиле рација врз кампот за бегалци Балата, по што евакуирале станбена зграда и истата ја минирале.
Според соопштението на палестинската Црвена полумесечина има бројни повредени, од кои еден е тешко повреден. Меѓу повредените е и фоторепортер кој професионално ги следел настаните. Во соопштението на Црвената Полумесечина се наведува дека на тој простор загинале 109 лица. Во хаосот била уништена и канцеларијата на палестинската партија Фатах.
Инцидентите се случија откако двајца израелски доселеници беа убиени вчера во вооружен напад во Хувара, во северниот дел на земјата.