Еве, ако не за друго, за атер на земјоделците и домашното производство на храна, да станеме членка на ЕУ напиша Николовска.
Нашите земјоделци имаат 150 милиони евра годишен буџет за субвенции. Хрватските и Словенечките земјоделци до 2027 година ќе имаат на располагање 6 МИЛИЈАРДИ евра поддршка за нивното производство. А се бориме на исти пазари со нивните производи. Колку и да одвојува државата од сопствен буџет нема шанси со ЕУ, затоа што таму 40% од буџетот е за поддршка на агросекторот. Единствена заедничка политика Европската Унија има за ЗЕМЈОДЕЛСТВО.
Милијарди евра за земјоделското производство и руралниот развој, најмногу за млади земјоделци, за модернизирање, дигитализација на производството, за екологија, за органско производство…Во претпристапниот период Полска, Хрватска, Словенија искористија стотици милиони евра, затоа што Брисел ја подготвува државата за влезот во Унијата и инвестира таму каде што најмногу треба. А кај нас има простор. На нашата аграрна стратегија и реформа и треба финансиска поддршка. Штета е да пропуштиме шанса за над 200 000 семејства кои на било каков начин се поврзани со земјоделското производството да имаат достоен живот од оваа тешка професија.
Има одличен тренд кај младите, оти тие следат што се случува во светот, гледаат дека најголемите газди се оние што произведуваат храна. Зошто да одат да работат во други држави ако може овде да го модернизираат производството од своите родители или да започнат нов бизнис. За тоа треба ПАРИ, а пари за нив ЕУ издвојува во МИЛИЈАРДИ. За мене од ова поголем патриотизам нема. Не одам подалеку што значи тоа за државата, за зголемување на домашното производство, за намалување на трговскиот дефицит, за сигурноста на домашната суровина.
Тоа само луѓето што работат знаат, за жал и оние што ставија клуч на бизнисите оти едноставно не можат да се носат со конкурентноста на европските производи.