Манчестер сити испиша историја со 17 последователни победи на домашен терен

Англискиот фудбалски шампион Манчестер сити постави клупски рекорд по последователни победи на домашен терен. Избраниците на Пеп Гвардиола синоќа го совладаа Њукасл (1:0) во 2. коло од Премиер лигата.

Граѓаните на стадионот „Етихад“ извојуваа 17 последователни победи во сите натпреварувања. За ова време тие постигнаа 55 гола, а примија 7. На 11 натпревари не примија гол.

Манчестер сити последен пат не успеа да победи на домашен терен на 31 декември 2022 година, тогаш одигра нерешено 1:1 против Евертон. зс/

Треба да знаете
Последни објави