Унгарскиот премиер Виктор Орбан на својот Инстаграм профил објави фотографија со српскиот претседател Александар Вучиќ.
Орбан вели дека односите меѓу Србија и Унгарија се на историски највисоко ниво.
„Работата ќе биде завршена. Средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Унгарско-српските односи се на историски врв“, напиша Орбан.
Претседателот на Република Сррбија, Александар Вучиќ е во дводневна посета на Унгарија, каде има голем број средби поврзани, меѓу другото, и за идни проекти.