Македонската одбојкарска репрезентација вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ загуби од Грција со 0:3, по сетови 23:25, 22:25 и 16:25.
За избраниците на селекторот Јошко Миленковски ова е втор пораз во третиот настап на годинашното издание од Меморијалниот турнир по што завршија на последното, 4. место.
На првиот денешен натпревар Б-селекцијата на Јапонија го победи Египет со 3:1.
Грција со биланс две победи и еден пораз е победник на 47-то издание на „Чајка“, Јапонија-Б е второпласирана, Египет е трет.
За најкорисен одбојкар на турнирот (МВП) е прогласен капитенот на македонската репрезентација Никола Ѓоргиев.