Американската тенисерка Коко Гауф ја победи Полјачката Ига Швјонтек во вчерашното полуфиналето на ВТА 1000 турнирот во Синсинати со 7:6 (7:2), 3:6 и 6:4. Девојките на теренот поминаа 2 часа и 52 минути.
Деветнаесетгодишната Американка ја победи Швјонтек за прв пат во кариерата и намали на 1:7 во меѓусебните средби.
Во финалето на турнирот Гауф ќе игра со Каролина Мухова од Чешка. Мечот е закажан за вечер со почеток во 19:30 часот.
Награден фонд на Мастерсот во Синсинати изнесува 2,8милиони долари.