Проф. Емилија Целакоска на ФБ разобличува сериозни манипулации на Соња Крамарска пласирани во колумна за Дојче Веле.
Неточно и манипулативно пишува Крамарска во написот на DW.
https://www.dw.com/…/ustavnite-izmeni-ja…/a-66574483…
Прво насловот е лага. Нема поддршка ни во текстот ни во анкети дека, Македонија (не помалку!) се „вртела” кон десно. Имаше една статија од Љупчо Поповски пред еден месец, во која синтетизираше заклучок од завршените победи на десницата во разни земји. Но, Крамарска, на непочната изборна кампања ги ориентира луѓето со неоснован заклучок за „вртење”. Тоа може некој да го протолкува за повик за качување на „десниот” воз допрва и со тоа ваквиот наслов станува пропаганда.
https://www.google.com/…/marsot-na-krajnata…/a-66241438
Првата реченица почнува со „Денот „Д” во македонскиот парламент дојде и помина…” Не е точно. Никаков Ден Д не дошол. Ако сака да каже нешто за денот на седницата во која допрва треба да се пристапи за дополнување на Уставот со неколку делови од народи, тогаш до тој ден „Д” има месеци да поминат.
Следната реченица е исто така лажна. Вели „70 -те гласа…го потврдија она на што предупредуваа аналитичарите… дека Владата нема да ја добие поддршката од парламентот за уставните измени.”
Месеци има до „уставните измени”, тоа е идно време, па затоа никаква „потврда” за нешто што сѐ уште не се случило не може да има.
Следната реченица е дури и дементна: „клучните прашања останаа неодговорени-затоа што опозицијата од каде треба да дојдат преостанатите гласови до двотретинско мнозинство се воздржа од жестоки говори, но молкот прозвуче посилно од обраќање на говорницата.”
Настрана што не е точно дека клучните прашања биле неодговорени, веројатно мисли на некои други прашања, а ги нарекува „клучни”. Одговорите секој ден ги даваа соодветните министри (Османи дури и на табла објасни!), па и Претседателот Пендаровски, итн. Опозицијата можеби „се воздржа”, ама можеби и нема аргументи, а второво цела година го гледаме. Молкот е од немање аргументи, какво „воздржување”. Повеќе личи дека се воздржуваа од тенџериња, свирчиња, запалки и слично, бидејќи се принудени да сфатат дека е недолично. И како, тогаш, „молкот прозвуче погласно”, значи сепак нешто на нејзините недефинирани прашања молкот одговорил? Што одговорил молкот?!
Следната реченица е пропаганда: „Од оваа тактика може да се препознае нивната увереност дека не им се потребни огнени противења во парламентот кога веќе целосно го имаат освоено теренот надвор. “
Па, надвор ли се гласа или во парламентот?! Реченицава е неосновано тврдење дека ВМРО ДПМНЕ го „имаат освоено теренот надвор”. Ова е пропаганда за повик на бандвагон или неизлезност на избори: „Видете, ВМРО ДПМНЕ го имаат освоено теренот, т.е. не ви вреди да сте за друг”.
Потоа за барањето поддршка за дополната на Уставот од страна на владата, подметнува „…дали ќе се одважи да влезе во процес на гласање во парламентот, кое ако заврши со фијаско може да ја изложи на ризик од предвремени избори…”
Да, Владата „се одважува” по принципите на „ОК Корал” и „Спајдермен”, глупости. Ако толку сака зборот „фијаско” да го употреби, треба да го намени точно за „молкот” кој „прозвучел погласно”. (Погласно од молчење е шепкање, на пример). И како тоа предвремени избори се ризик воопшто, како тоа се ризик за Владата? А за ВМРО ДПМНЕ не се? Тешка, недозволива пристрасност за новинар.
Потоа го кажува насловот – кој е бандвагон-пропаганда. Потоа тврди „Одбраната на националните интереси наеднаш стана тема број еден во државата.” Навистина? Не ѝ е јасно дека стратешките интереси за членство во ЕУ се бранат? Што е нарушено од националните интереси? Измислените приказни за нарушени идентитетски карактеристики?
Потоа дава оценка која не ја поткрепува со ништо: „Се случува феномен кој досега не е виден во нашата држава ниту во моментите кога се преговараше Рамковниот договор по судирот во 2001 година, ниту во периодот кога се склучуваше Преспанскиот договор.” Многу повеќе граѓани имаат впечаток на повторување, а не на специјалност:
Потоа, блокадата на ВМРО ДПМНЕ ја нарекува „консензус”. Вели: „Наместо да се создаде консензус за уставните измени, полека се создава и зацврстува консензус против уставните измени. Центарот на тој консензус е опозициската ВМРО-ДПМНЕ…” Па „консензус” од 44-ца не е ни мнозинство, каков консензус?! Сака да каже дека народот е изместено претставен во Парламентот, па сега 44-ца претставуваат повеќе од останатите 120-44=76?
За ВМРО ДПМНЕ продолжува: „…некогашна пробугарска партија од чии редови излегоа многу македонски граѓани кои сега се декларираат како освестени Бугари.”
Овие формираат „консензус”? Што е ова, пак бандвагон-реклама да се декларираме сите за освестени Бугари, оти „многу македонски граѓани” така се декларирале?! Дефинирај „многу”! Ова сигурно е лага за колку е тоа „многу”. Ова тотално ѝ ја руши и тезата во насловот и поставува прашалник над што тогаш подразбира „одбрана на националните интереси” (непосредно претходно споменати).
Потоа, пак неподджано нафрла: „Станува евидентно дека централно-левичарската коалиција на премиерот Димитар Ковачевски е ставена во ќош и не може да го менаџира процесот на донесување на уставните измени и исполнување на преземената обврска од преговарачката рамка. “Како станува „евидентно”, па со ништо не го поддржа тоа до оваа реченица. Оти „Денот Д”, кој ем дошол (во првата реченица), ем не дошол (во самата втора реченица од почетокот, дека допрва требаат 2/3), е денот во кој е усвоен дневниот ред за да се утврди потребата од измени на Уставот? Точка, која всушност – помина, изгласана е? Контрадикции тешко се продаваат со отворени лаги.
Натамошниот текст е подбуцнување над решени проблеми и не заслужуваат коментар. Ниско, ниско ниво.