Ѓоковиќ и Алкараз ќе играат во финалето во Синсинати

Двајцата најдобри тенисери во моментов, Србионот Новак Ѓоковиќ и Шпанецот Карлос Алкараз се пласираа во финалето на турнирот во Синсинати. Ѓоковиќ набрзо добива шанса да му се реваншира на Алакараз за поразот во финалето на Вимблдон.

Во полуфиналето Ѓоковиќ беше подобар од Александер Зверев со 2:0 во сетови. Првиот сет се играше во тајбрејк кој го доби Србинот со 7:5, вториот сет заврши со 7:5.

Алкараз дуелот со Хуркач го доби во три сета. Полскиот тенисер одлично влезе во мечот и првиот сет го доби со 6:2. Во вториот сет се играше тајбрејк кој го доби Шпанецот со 7:4. Во третиот решавачки сет Алкараз беше подобар со 6:3.

Треба да знаете
Последни објави