Турскиот автомобил Togg сé попопуларен на пазарот, веќе 2000 единици во употреба

Конзорциумот турски компании кој стои зад домашниот автомобил Togg објави дека досега на патиштата се регистрирани 2.000 автомобили на домашната компанија, која започна со масовно производство во октомври 2022 година, пишува Klixba.

Во првата половина на август на пазарот беа испорачани 909 автомобили Togg T10X, што е повеќе од вкупниот број на испораки во месец јули.

„Масовното производство на T10X започна минатиот октомври, а испораките започнаа на крајот на април. Министерот за индустрија и технологија на Турција, Фатих Кацир, рече дека предвидува дека до крајот на годината на пазарот ќе бидат достапни околу 28.000 примероци од овој модел“, пишува Дејли Сабах.

Конзорциумот од пет турски компании наречена Automobile Initiative Group of Türkiye, или Togg, го произведува возилото во соработка со Сојузот на комори и берзи на Турција (TOBB).

„Ќе продолжиме да го поддржуваме Togg за да стане успешен бренд не само во Турција, туку и на меѓународните пазари“, рече тој.

Успехот на компанијата го коментираше и министерот за финансии Мехмед Шимшек кој ги сподели своите впечатоци од производствените капацитети.

„Навистина е големо достигнување да се направи производство со 90 проценти автоматизација. Тоа е голема технолошка база која содржи висока технологија, е исклучително ефикасна и работи исклучително добро. Тоа е голем успех за Турција“, рече Шимшек.

Како што беше наведено претходно, Togg има за цел да произведе еден милион возила во пет категории на автомобили до 2030 година.

Компанијата планира да започне со извоз од 2025 година, а почетокот на производството е наменето за домашниот пазар.

Треба да знаете
Последни објави