Шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји во телефонски разговор со неговиот ирански колега Хосеин Амирабдулахиан ја истакна важноста на Иран во иницијативата „Појас и пат“, развојната стратегија на кинескиот претседател Си Џинпинг, која се фокусира на поврзување и соработка со таа земја и остатокот од Евроазија.
Ванг наведе рече дека Иран е важен член на таа иницијатива и укажа на големото значење на учеството на Техеран на претстојниот состанок „Појас и пат“, соопшти иранското Министерство.
Позитивно оценувајќи ги стратешките односи меѓу двете земји, шефот на кинеската дипломатија ги пренесе ставовите на неговата земја за Самитот на БРИКС во Јужна Африка и прашањата поврзани со зголемувањето на бројот на членовите на групата.