Вештачката интелигенција стана омилена играчка на Интернет, а најпопуларните апликации почнаа да тестираат воведување нови функции, вклучително и WhatsApp. Една од најпопуларните апликации доби надградба која може да биде многу забавна за корисниците, пренесува WABetaInfo.
Благодарение на најновото ажурирање на апликацијата WhatsApp за Android, достапна е алатка базирана на вештачка интелигенција која ви овозможува да креирате свои налепници. Се претпоставува дека опцијата ќе биде популарна бидејќи корисниците ќе можат да прават персонализирани налепници за секоја личност или ситуација.
📝 WhatsApp beta for Android 2.23.17.14: what's new?
— WABetaInfo (@WABetaInfo) August 14, 2023
WhatsApp is rolling out a feature to create and share AI stickers, and it is available to a very limited group of beta testers!https://t.co/spn8xvezZk pic.twitter.com/6iDf9cOdPf
Кога ќе кликнете на опцијата за налепници, бета верзијата сега покажува и копче „креирај“. Со кликнување на него се отвора тастатура каде што можете да напишете каква налепница сакате да направи вештачката интелигенција. Овие налепници ќе можат да се користат во кореспонденција со други корисници преку оваа платформа.
Функцијата за создавање и споделување налепници со вештачка интелигенција е достапна за многу ограничена група бета-тестери кои го инсталираат најновото ажурирање на WhatsApp бета за Android, а ќе се појави на повеќе корисници во наредните недели.