Граѓаните на Еквадор вчера гласа на референдум за тоа дали нафтените компании можат да продолжат со дупчење за нафта во Националниот парк Јасуни.
Децениската борба за зачувување на националниот парк започна кога поранешниот претседател Рафаел Кореа и предложи на меѓународната заедница Еквадор да даде 3,6 милијарди долари за Јасуни да остане недопрен.
Паркот се простира на околу еден милион хектари на местото каде што се спојуваат Амазон, Андите и екваторот на Земјата. Само еден хектар земја во Јасуни содржи повеќе животински видови од цела Европа и повеќе видови дрвја од цела Северна Америка.