Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити се зголемени за 11,1%, што произлегува од зголемувањето на депозитите на двата сектора, со малку поизразен придонес на секторот „домаќинства”.
Годишниот пораст на кредитите e 5,8%, под влијание на растот на кредитирањето кај двата сектора, со поголем придонес на сектор „домаќинства”, се вели во соопштението на Народна Банка на Република Северна Македонија.

Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на: https://www.nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/%D0%9CD/2023/Soopstenie_za_pecat_monetarni_dvizenja_2023_juli_mk.pdf
