Германецот кој денес предизвика нов пожар на Родос доби условна затворска казна

Дваесетгодишен Германец денеска е приведен во јавното обвинителство на Родос, откако вработените во хотелот во кој престојувал во областа Фано го забележале како пали трска на местото каде што избувнал нов пожар.

Според информациите, тој е осуден на три години условна казна, пренесува Прототема.
Се наведува дека младиот странец, кој бил во пијана состојба, бил забележан од вработени во хотелската единица.

Го виделе како се крие во близина на локацијата каде што избувнал пожарот, неколку минути по избувнувањето на пожарот денеска во раните утрински часови.

Пожарникарите набрзо пристигнале на местото на настанот и веднаш почнале да го гаснат пожарот.

Во изјавата што ја дал на Одделот за истраги на противпожарната служба на Родос, Германецот тврдел дека тој не го подметнал пожарот, туку дека случајно се нашол на местото каде што тој избувнал.

Се истражува дали тој го предизвикал и претходниот пожар.

За него особено отежувачка била информацијата, која грчките власти ја добиле од германските власти – дека е обвинет за подметнување пожар и во сопствената земја.

Треба да знаете
Последни објави