Лекарите во Германија предупредуваат на сé потешка ситуација и затворање на ординациите.
Андреас Гасен, шеф на Националната асоцијација на лекари со задолжително здравствено осигурување (КБВ), вели дека постои страв од колапс на медицинските ординации и дека пациентите би можеле да чекаат со месеци за преглед.
Гасен предупредува дека економската ситуација создава проблеми за многу медицински одинации. Дополнително, има и постари лекари кои заминуваат во пензија, а нема наследници.
„Овој проблем постои со години. Многу домашни лекари имаат проблеми со приходите. Високите трошоци и бирократијата, исто така, би можеле да придонесат за затворање на ординациите. Ова не ги погодува само руралните средини, постои и страв од бројни затворања на ординации во големите градови, што значително ќе го ограничи лекувањето во близина на болниците. Во прашање се услугите во целата земја“, рече Гасен.
Ако лекарите не можат да најдат наследник за нивната пракса, тоа може да влијае на времето на чекање.
Гасен му рече на федералниот министер за здравство Карл Лаутербах дека државата мора да помогне во финансирањето на ординациите бидејќи тие ќе бидат затворени во иднина.
„Покрај тоа, немаше компензација за инфлација, бирократијата и дигиталните апликации како е-рецепт ги оптоваруваа лекарите. За да се избегне „колапс на праксата“, како што го нарекува лекарската фела, лекарите и психотерапевтите сакаат да му ги претстават своите барања на Карл Лаутербах во петок, на 18 август“, рече Гасен.
Од Министерството за здравство соопштија дека ги сметаат наводите „неразбирливи“. Тие велат дека законските трошоци за здравствено осигурување за медицинска нега во ординациите се зголемени за 44 отсто на 46,1 милијарди евра во последните 10 години (2022).
Електронскиот рецепт, на пример, исто така работи добро, според германското Министерство за здравство.